По Хрватска Тодор Тодоровски се сели во Србија.

Поранешниот фубдалер на Вардар спогодбено го раскина договорот со Осијек, за сега да потпише на две години со Раднички Ниш.

Откако го напушти Осијек Тодор Тодоровски потпиша за Раднички Ниш.

„Мило ми е што доаѓам во клуб како Раднички. Знам каква историја има овој клуб, луѓето ми го презентираа проектот и амбициите за иднината. Не ми беше тешко да ја донесам одлуката. Подготвен сум да помогнам и да бидам во конкуренција за натпреварот со Напредак“, изјави Тодоровски.