Ситуацијата во фудбалска Италија е драматична, Коронавирусот го менува календарот, одложени многу натпревари, не беа „имун“ ни натпреварите во Купот.

Полуфиналните пресметки Наполи – Интер и Јувентус  -Милан се одложени,  фудбалсктаа федерација на Италија размислува за одржување на  „Фајнф-фор“ во Купот на Италија.

Информациите од Италија говорат дека федерацијата ќе разговара со четирите учесници во завршниот дел, проблем е настапот на Јувентус, Наполи и Интер во евро куповите, Лигата на шампионите и Европа лигата.