Азар е неизвесен, Бејл се жали на болки во зглобот а Иско нема да игра фудбал некое време. Ова е ситуацијата со која мора да се соочи Зидан пред гостувањето кај Вилјареал.

„По направените тестови утврдено е дека нашиот играчи Иско има повредата на мускулот и ситуацијата ќе продолжиме да ја следиме“ – стои во краткото соопштение на „Кралевите“.

Реал Мадрид по две кола во Ла лига има една победа и едно реми но поголем проблем преставува отсуството на дел од првотимците како и на новото засилување, Азар кој најверојатно нема да игра против „Жолтата подморница“.