Откако Карим Бензема по неколку години пауза се врати во репрезентација поради секс скандалот со Матју Валбуена, нов секс скандал го тресе еден француски фудбалер.

Една од најпопуларните „OnlyFans“  ѕвезди во Франција, Натали Андреани даде изјава за порталот паблик.фр, каде тврди дека еден француски репрезентативец и понудил 50 илјади евра за да мине една ноќ со неа.

„Имам бројни понуди, а една стигна од фудбалер. Ми понуди 50 илјади евра да минам ноќ со него. Ми нудеше повеќе пати, но јас одбив“- изјавила Андреани и додала:

„Игра за репрезентацијата на Франција и морам да кажам дека ме шокираше неговата понуда. Штета, да не нудеше пари, би спиела со него.“