Повторно фудбалски скандали и нормално повторно во Италија, каде без скандали не се може едноставно. Последниот објавен во вчера се однесува на Јувентус, каде влегле истражители и извршиле претрес во клубот.

Шест лица во Јувентус се осомничени за фалсификување податоци во финансиските извештаи. Тоа се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, поранешниот спортски шеф Фабио Паратичи (сега Тотенхем) и уште тројца други во комерцијалниот сектор: актуелниот главен корпоративен и финансиски директор Стефано Серато, поранешен главен корпоративен и финансиски директор, Стефано Бертола и поранешен менаџер за финансии Марко Ре.

Им се става на товар дека ја фалсификувале документацијата и се однесува на капиталната добивка прикажана во сезоните 2018/19, 2019/20 и 2020/21. Се прави обид да се открие движење на пари во износ од околу 50 милиони евра.

Интересно, идентичен случај е забележан во Италија во 2008 година, кога обвинителството ги истражуваше Милан и Интер за фалсификување податоци во финансиските извештаи.