Специјален обвинител е назначен да работи на случајот поврзан со жалби околку нелегални средби и договороти меѓу генералниот обвинител на Швајцари, Мајкл Лобер и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Швајцарското обвинителство во петокот отворило случај откако непознати лица пријавиле можен криминал и злоупотреба на службена должност од неколку лица меѓу кои е и Инфантино.

Засега нема поконкретни информации за што станува збор. Лобер и Инфантино официјално се сретнале два пати во 2016 година и во јуни во 2017.

Повеќе детали се најавени за подоцна во денот…