Кога почна да се смирува кризата по инцидентот меѓу Меси и спортскиот директор Ерик Абидал, во Барселона се разгоре нова, која потенцијално е поопасна од претходната.

Имено, завчера Mundo Deportivo и неколку други шпански медиуми објавија дека Барселона и плаќала на компанијата I3 Ventures за поддршката на претседателот Бартомеу на социјалните мрежи, на кои беа постирани повеќе критички постови за Меси, Пике и за повеќе други фудбалери.

Според некои извори блиски до Бартомеу тој закажа итен состанок со фудбалерите за да им објасни дека немал намера да ги навреди.