Нов четиригодишен договор е понудата која од Барселона пристигнува за Аргентинецот Лионел Меси.

„ЕСПН“ повикувајќи се на свои извори објавува дека клубот е подготвен да започне разговори за фудбалерот за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Меси со Барса е до летото 2021 со можност за продолжување на 12 месеци.

Доколку тој го прифати овој договор од Барса и го заврши докрај ќе има 36 години. Евентуалното прифаќање на понудата и продолжување на соработката ќе значи десетти договор на Меси со Барселона во неговата кариера.