Како што пишува „GazzettadelloSport“, фудбалската федерација на Италија, ФИГЦ,  на маса ставила нов термин за одигрување на мега дербито Јувентус -Интер, наместо 13 мај сега во опција е 9 март.

„GazzettadelloSport“ тврди дека од Интер има одговор, размислуваат за оваа понуда и набрзо ќе го соопштат својот став.

„Ја разгледуваме понудата, до среда ќе решиме дали ќе го прифатиме новиот датум, ситуацијата е драматична, календарот влијае на 10 екипи чии натпревари се одложени“ – изјави спортскиот директор на Интер, Бепе Марота.

Средбата меѓу Јувентус и Интер е закажана за 13 мај откако поради ситуацијата со Коронавирусот овој дерби за титулата во калчото беше одложен во првичниот официјален закажан термин.