По се изгледа Аријан Адеми ќе ги пропушти и октомвриските квалификации, откако предвреме го напушти дуелот против Оријент во Купот на Хрватска.

Тој се пожалил на повреда на бутниот мускул, а во следните денови ќе се знае сериозноста на истата. Инаку македонскиот репрезетнативец пред извесно време се врати од пауза поради повреда и сега не е јасно дали повторно ќе отсутствува од терените.

Ова секако е лоша вест за селекторот на Македонија, Благоја Милевски за претстојните откомвриски натпревари поритив Лихтенштајн на гостински терен и со Германија во Скопје.

Адеми ги прескокна трите натпревари во септемврискиот циклус против Ерменија, Исланд и Романија.