Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг потврди дека тројцата првотимци кои се повврзуваат со бгати европски гиганти, ќе бидат продадени ова лето.

Станува збор за Дони Ван Де Бек за кој интерс има од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, за Камерунскиот голман, Андре Онана за кој понуди веќе има од Барселона и од Челси и за левиот бек Таљафико кој се поврзува со трансфер во Арсенал или Челси.

„Трансфер пазарот ќе биде отворен во август. Најсилните клубови ќе се активираат, до Сонана, Де Бек и Таљафико имаме договор дека ќе бидат продадени само ако пристигнат правилните понуди, во спротивно ќе играат за Ајакс уште една година најмалку.“ – изјави Тен Хаг.

Ајакс минатата година ги продаде Матијс Де Лихт во Јувентус и Френки Де Јонг во Барслеона додека неодамна ја потврди продажбата на Хаким Зијеч во Челси.