Џејдон Санчо е несомнено еден од најдобрите светски напаѓачи, кој одамна ја надрасна Борусија Дортмунд и кој во летниот преоден рок со голема сигурност ќе ја смени средината.

За него се заинтересирани многу клубови, но најмногу англиските великани Манчестер Јунајтед, Челзи, па и Ливерпул.

Секој што сака да го виде во својата екипа ќе мора да плати најмалку 140 милиони евра.

Но, Evening Standard сега пишува дека може да се случи Санчо да ги одбие сите англиски клубови, затоа што сонува да заиграво – Ла Лига.

Е сега, во Ла Лига таква цена можат да платат само Барселона и Реал.

Санчо настапува за Борусија од 2017 година и досега има постигнато 29 гола, а има и дури 40 асистенции.