Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да се појави на сите турнири во пресрет на последниот Грен слем турнир оваа сезона, УС Опен.

Србинот нема да настапи на Роџерс Купот во Канада, а тоа го потврди и самиот тенисер. Причината за неговото откажување е преголемиот замор после освоениот турнир – Вимблдон.

„Жал ми е што морам да објавам дека се повлекувам од Роџерс Купот. Со помош на мојот тим ќе морам да му дадам на моето тело што поголем одмор за да можам успешно да се вратам на терените”  објави Ѓоковиќ/

Во одсуство на српскиот тенисер , прв носител на турнирот ќе биде Рафаел Надал.