Битката со коронавирусот во Англија не само што не е завршена туку влегува во нова димензија и се заканува дека сезоната во Премиер лигата нема да се доигра.

Ова доаѓа по потврдата на позитивен тест за Ковид-19 на четири лица од три клубови од Премиер лигата. Тестирани биле 1008 лица во понеделникот и вторникот а резултатите се соопштени денеска.

По ова ќе следува ново тестирање додека клубовите се подготвуваат за активен тренинг и најавениот рестарт на сезоната.