Наполи објави дека Аркадиуш Милик не тренирал со остатокот од тимот денеска и дека неговиот настап против Интер од Копа Италија е под знак прашалник.

Од клубот во Неапол, истакнаа дека  Милик и Љоренте тренираа само во теретана, додека на тренинзите се вратија Макуит и Кулибали.

Оваа вест не може да го радува Џенаро Гатузо кој викендот остана без Дрис Мертенс. Белгиецот се повреди на мечот со Торино, а многу веројатно ќе биде надвор од комбинација и за реванш дуелот против Барселона во Лигата на шампиони.