Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Сити, Феран Торес се здоби со скршеница на коската на десната нога, објави денеска клубот.

Клубот објави дека се работи за „мала фрактура“ и дека Торес се здобил со повреда за време на неговиот настап за националниот тим.

“Торес се врати повреден. Клубот ќе продолжи да ја следи состојбата на повредата, но засега нема индикации колку време ќе трае закрепнувањето”, велат од клубот.

Шпанија ја победи Италија со 2: 1 во полуфиналето од Лигата на нации, а во финалето претрпе пораз од 2: 1.