Натпреварот до 25 коло во италијанскиот шампионат меѓу Лацио и Торино, која требаше да биде одиграна денеска е одложена поради позитивни случаи на ковид 19 во торинскиот тим.

Властите одлучиле дека гостинскиот тим мора да остане во карантин, откако на тестирањата биле потврдено осум случаи на зараза од британскиот сој на коронавирусот, така што играчите и стручниот штаб на Торино не отпатуваа во Рим, додека играчите на Лацио се појавија на Олимпиков, во 18:30 часот, кога натпреварот требаше да почне.

Торино минатиот петок требаше да игра против Сасуло, но тој натпревар веќе е одложен. Но, челниците на Серија на вонреден состанок одлучија дека Торино мора да игра во Рим како што е планирано. Откако Торино не допатува на мечот со Лацио, еден од можните расплети е мечот да биде регистриран 3:0.

Ист случај имаше и минатата година, кога тимот на Наполи не отпатува во Торино на дуел со Јувентус, затоа што локалните власти одредија карантин откако имаше неколку позитивни во тимот.

Тој дуел првично беше регистриран со 3:0 за Јувентус, но беше прифатена жалбата, и мечот ќе се одигра. Тоа би можело да се примени и сега.