Јувентус одигра само нерешено на „Бентегоди“ со Верона 1-1, Андреа Пирло секако не беше задоволен од резултатот, се изнервира по упорните прашања на новинарот на Скај Италија.

Пирло се правдаше дека има многу повредени фудбалери, но новинарот на Скај Италија, Џанкарло Падован беше упорен во прашањата, дури му сугерираше на погрешната тактика на младиот тренер, дека ја „утнал“.

„Извинете, ама кого би ставиле вие на тие позиции во одбраната? Ако ви недостигаат четири дефанзивци, тогаш кажете ми вие што треба да направам? Тактиката беше усогласена на противникот, Киеза е напаѓачко крило, на оваа позиција играл многу натпревари. Кога морате да направите промени, сите треба да се адаптираат на играта и противникот“ – нервозно реагираше Пирло.