Роберт Левандовски игра во животна форма. Минатата година со Баерн Минхен ја освои Лигата на шампионите и беше прогласен за најдобар играч на светот, а оваа сезона во Бундес лигата постигна 41 гол и  така го сруши митскиот рекорд на Герд Милер од 1972 година.

Овој 32 годишен полски напаѓач има договор со Баерн уште две години, но последните недели често се пишува дела би можел да ја напушти Баварија.

Марка објави дека Реал Мадрид повторно покажал голем интере, а Полјакот го сакаат и ПСЖ и Манчестер Сити.

Германските новинари отворено го прашаа Лева дали сака да си замине од Баерн Минхен, на што добија интересн одговор.

„Размислувам за сите опции. Се чувствувам добро во Баерн и го сакам овој град. Тоа е одличен клуб. Спеак, секогаш сум бил љубопитен да научам нови јазици и култури. Но не знам дали тоа ќе се случи во текот на мојата играчка кариера или по неа“– изјави Левандовски.