Информацијата која ја прошири El Nacional, за наводниот позитивен тест на Коронавирусот најден кај напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала, ја демантира новинарот на Goal, Ромео Агрести, кој е специјалист за состојбите во Јувентус.

Тоа се фејк-вести. Само што се слушнав со Дибала, нема ништо“, напиша тој на својот твитер.

Тоа го потврди и новинарот на ESPN, Андрес Агулла.

„Дибала е во одлична состојба. В понеделник Јувентус ќе ги тестира сите фудбалери“, напиша тој

Претходно, според информацијата на El Nacional, Пауло Дибала бил позитивен на денешното тестирање на Ковид-19, како дел од групата од 121 лице кое биле се во изолација и се во очекување на резултатите..

Според пишувањето на El Nacional, сомнителна е и ситуацијата со Гонзало Игуаин.

.