Фудбалската федерација на Македонија објави дека новата сезона во ПМФЛ ќе стартува на 11. август.

Ждрепката е предвидено да се одржи на 26. јули во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија.

Како и минатата година и оваа сезона елитното домашно натпреварување ќе брои 12 екипи.

Титулата ја брани Шкендија од Тетово, додека нови членови во прволигашкото друштво се Борец и Струга Трим Љум. Второлигашите според календарот ќе започнат на 24. август.

Лигашкиот дел во ПМФЛ ќе заврши на 17. мај 2020 година, додека второлигашите последното коло ќе го одиграат ден порано.

Купот на Македонија и првото коло се закажани на 24. август, додека финалето е закажано за 21. мај 2020 година.

Годинава ПМФЛ ќе се пренесува и на телевизија, откако ФФМ потпиша договор во траење од две години со регионалната телевизија Арена спорт.