Гeрманскиот стручњак Ралф Рангник ќе биде новиот привремен тренер на Манчестер Јунајтед, објави вчера на Твитер Дејвид Орнштајн, многу добро информиран новинар на угледниот Атлетик.

“Јунајтед постигна договор со Ралф Рангник и тој ќе биде привремен тренер. Тој потпиша договор на шест месеци плус две години како клупски советник.  Се чека одобрение од Локомотив Москва ,а Рангник нема да добие навреме работна дозвола за да го води тимот.веќе за викендот против Челзи“, напиша Орнштајн.

Ден подоцна странските медиуми пренесуваат нови детали од договорот. Така Фабрицио Романо ја пренесува веста дека Германецот имал еден услов без кој не сакал да ја прифати работата. Имено, Рангник во договорот ќе има клаузула која ќе му даде консултантска улога во клубот по извршувањето на улогата на привремен тренер, со можност за средување на спортска политика.

Романо исто така истакнува дека Рангник минатата сезона го одбил Челзи бидејќи тие му понудиле само улога на привремен тренер.

„И играчите и јавноста ќе ме види како тренер за четири месеци“, рече тогаш 63-годишниот стручњак.

Наместо тоа, Челзи го зеде Томас Тухел и ја освои Лигата на шампионите.