Групацијата Фридкин, кои се на работ да го комплетираат превземањето на Рома за сума од  720 милиони евра претходно доставиле понуда за купување на Милан.

Имено, според „Ла Република“ му понудија на Елиот Менаџмент 1,2 милијарди евра за Милан, а преговорите на Американската групација со седиште во Тексас траеја неколку месеци, по што беа одбиени од власниците на „росоњерите“.

По одбиената понудата  Фридкин се насочија на купување на Рома, која по првата половина од оваа сезона е во загуба од 87 милиони евра.