Најавениот рестарт во Бундес лигата за престојниов викенд може да се случи, односно да не биде повторно одложен откако двајцата играчи и фитнест тренерот на Келн не се повеќе позитивни на Ковид-19.

Повтореното тестирање покажало дека првото било неточно и тие добиле дозвола денеска да се појават на тренинг, пренесува германски „Кикер“.

Бундес лигата се подготвува за фудбал, последните информаци од Германија се дека засега се теше според планот и дека мали се шансите работите да се променат до петок. Келн викендов треба да го дочека Мајнц.