По Диего Годин и Валентино Лазаро, италијанскиот фудбалски клуб Интер го претстави и третото засилување. Станува збор за 23-годишниот фудбалер на Сасуоло Стефано Сенси.

Интер на екипата на Сасуоло за овој играч и плати 25 милиони евра.Според информациите допрва ќе следуваат нови трансфери во Интер и фудбалери кои ќе бидат по мера на Антонио Конте, каде најблиску засега до Милано е босанскиот репрезентативец Един Џеко.