Животната приказна на Синиша Михајловиќ кој во моментов ја води најголемата животна битка ќе се најде на големото платно.

Италијанскиот режисер Џузепе Пупи Аванти наводно сака да сними филм за српскиот ас Михајловиќ, кој во моментов се лекува од леукемија.

„Кога слушнав за Синиша, и јас се разболев. Тешко ми падна таа вест, но сигурен сум дека ќе победи во оваа борба, сите се молиме за него.“ – изјавил Аванти за италијанските медиуми.

Режисерот додал и дека за време на својата кариера снимил само еден спортски филм, кој не постигнал некој голем успех, но дека со Синиша би сакал да ризикува со оглед на фактот дека филмот би го опфатил целиот негов живот.