Англиската фудбалска федерација  донесе одлука да вметне во правилникот за игра нова одредба според која секое намерно кашлање на фудбалер кон противнички играч или кон судиите ќе биде санкционирано со црвен картон.

Како што денеска објави лондонски „Тајмс“, во документот им се даваат инструкции на судиите како да постапуваат во одредени ситуации додека се на сила епидемиолошките мерки за заштита од ширање на корона вирусот.

Новоото правило ќе важи на натпреварите на сите нивоа во англискиот фудбал и со него чинот на удирање на противнички играч или судија се поистоветува со намерно кашлање. И во двата случаи, за таквите постапки ќе следува директен црвен картон и  исклучување од игра.

Судиите нема да можат да казнуваат за непочитување на мерката за држење  на социјална дистанца, во случаи како на пример на прегратки по постигнување гол.