Николас Пепе, најскапото засилување на Арсенал во историјата на клубот од Лондон ќе мора сериозно да се докаже во дресот на „топџиите“ но и во очите на навивачите.

Тој во минатото често пати знаеше да зборува за евентуален трансфер во Англија а според изјавите кои ги даваше за него постоеше само еден квалитетен клубо во Лондон.

„Челси е единствениот клуб за кој сонувам да играм еден ден во Англија. Само овој клуб може да ми го оствари сонот“ – тврдеше Пепе во 2017 во изјава за гол.ком.

На ова се сетија и фановите на Арсенал кои сеуште со резерва гледаат кон новата аквизиција на Емери.