Тотенхем со новиот менаџер Нуно Еспирито Санто се уште го гради тимот за наредната сезона, во моментов една од позициите на која мораат да се засилат е дефанзивата.

За таа цел челниците на клубот од Лондон отвориле преговори со Вулверхемптон за доведување на нивниот капитен Конор Коади, објавува „Football Insider“.

Откако Тотенхем остана без долгогодишниот стопер Тоби Алдервеирелд, новиот тренер Нуно Еспирито го бара во својот поранешен клуб, во кој имаше одличен однос со капитенот Конор Коади.