Тренерот на Вулверхемптон, Нуну Еспириту Санту, го изрази своето незадоволство пред вчерашната средба со Олимпијакос во рамките на осминафиналето на Лига Европа.

Играш фудбал, а знаеш што се случува на светот. Умреа многу луѓе и ќе продолжат да умираат секаде околу нас, а ние играме фудбал. Тоа е апсурд“, изјави Португалецот.

Средбата меѓу Олимпијакос и Вулверхемптон заврши со резултат 1:1.

Во меѓувреме, УЕФА донесе одлука за одложување на сите натпревари во Лигата на шампионите и во Лига Европа.