Португалскиот „О’Жого“ јавува дека Стефан Ристовски  сезоната ќе ја доигра во Олимпијакос, со тоа ќе заврши неизвесноста за македонскиот репрезентативец кој подолго време не игра во Спортинг.

Преговорите меѓу Спортинг и Олимпијакос се во завршна фаза, прашање на време е кога ќе с еофицијалзира трансферот на Ристовски во Олимпијакос.

Ристовски наводно ќе биде позајмен на Олимпијакос со обврска клубот од Грција подоцна и перманентно да потпише договор со македонскиот постојан репрезентативец.