Микел Артета посакува Обамејанг да остане во Арсенал и да го продолжи договорот, напаѓачот по долго колебање решил преку својот агент да испрати порака до управата околу условите кои му одговараат за да не го менува клубот ова лето.

Островските медиуми пренесуваат дека Обамејанг бара 250 000 фунти неделно, плус бонуси и договор на три години. Ова е за 20% поголема плата од таа која во моментов ја заработува.

Ако сака Арсенал да го задржи ќе мора да ги прифати неговите барања, во спротивно играчот ќе си замине ова лето. Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Интер и ПСЖ се клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги.