Напаѓачкото дуо на Арсенал, Обамејанг и Лаказет сериозно ќе размислат дали да останат во Арсенал ако наскоро не дојде до промена на менаџерската позиција.

Најдобирте играчи на Арсенал почнале да се сомневаат во методите и во тактиката на Унаи Емери и предводат група на играчи кои се незадоволни од фактот што Емери сеуште е менаџер на „Топџиите“.

Островските медиуми тврдат дека од Арсенал не прават проблем за оние 4 милиони фунти кои ќе треба да му ги исплатат на Емери за предвремен раскин на договорот, туку тоа што потрагата по нов менаџер засега не се одвива според планираното.

Алегри, Ковач, Покетино и Артета се само дел од менаџерите кои се поврзуваат со ангажман во Лондон.