Првата ѕвезда на Арсенал, Обамејнаг бурно реагираше откако тој и неговите соиграчи во репрезентацијата на Габон добиле нечовечки третман на аеродромот во Габон.

Обамејанг и неговите соиграчи морале да преспијат на подот во аеродромот поради проблеми со Ковид-19 тестовите.

Тестот за коронавирусот требало да биде направен 48 часа пред влезот во земјата, но откако тоа не било испочитувано, морале да ја минат ноќта на аеродромот.

Напаѓачот соопшти дека им биле одземени пасошите и покрај негативните тестови и шест часа чекале да добијат дозвола да го напуштат аеродромот.