Репрезентативецот на Габон, Пјер Емерик Обамејанг се согласил во новата сезона да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Медиумите од Англија тврдат дека напаѓачот ја донел оваа одлука и покрај тоа што Манчестер Јунајтед во следната сезона нема да се натпреварува во Лигата на шампионите.

Солскјер во Обамејанг гледа директна замена за Лукаку кој е пред заминување од „Олд Трафрод“. Доколку Обамејанг се пресели во Манчестер тој ќе биде вториот играч од висок калибар кој прифатил трансфер во ривалот по Робин Ван Перси.