Добра вест за составот на Микел Артета е  подобрувањето на ситуацијата на Пјер-Емерик Обамејанг, кој на средината на овој месец беше хоспитализиран поради зараза со маларија во Габон.

На тимот од Лондон не му оди во последниов период , што се надоврза и со вчерашниот пораз од Евертон на домашен терен , меѓутоа за „топчиите“ останува битката во Лигата на европа преку која може да обезбедат пласман во ЛШ , секако доколку го освојат ова натпреварување.

 

„Разговарав со него повеќе пати. Во средата беше и во тренинг центарот, но и понатаму оди на лекарски контроли па ќе му биде потребно одредно време за целосно да се врати. Тоа е тешка болест, тој помина низ тешки моменти. Сакаме да му ги дадеме сите услови со цел побрзо да се опорави. Потребен ни е. Се надевам дека ќе се врати до крајот на сезоната. Очекувањата се дека наскоро ќе биде многу подобар, ќе ја врати килажата и ќе може да тренира. Кога тоа ќе се случи верувам дека многу брзо ќе биде подготвен за настап“, изјави тренерот на Арсенал.