Арсенал се пласираше во осминафиналето од Лига Европа откако ја совлада Бенфика со 3:2 во ренвашот во Лондон.

Обамејнаг постигна два гола и беше клучен во важната победа на составот на Артета. Напаѓачот по триумфот посочи дека време е за позитивна серија и очекува овој момент да биде пресвртница во оваа сезона.

„Сите се среќни вечерва, тоа ми дава моќ секој ден, и покрај грешките кои ги направивме во минатото, сето тоа да го трансформирам во сила. Тимот покажа карактер и заслужено победивме. Ова беше тежок натпревар, но ние покажавме дека од тука можеме да градиме позитивен пристап за во иднина.“ – изјави Обамејанг.