Напаѓачот на Арсенал, Обамејанг не можеше да го сокрие разочарувањето по елиминацијата од Олимпијакос во 1/16 финалето во Лигата на Европа на УЕФА.

Капитенот на „Топџиите“ пропушти неверојатна шанса во 123 минута од натпреварот. Ако погодеше ќе му донесе пласман на Арсенал во осминафиналето.

„Многу сум разочаран. Што можам да кажам, навистина беше тешко, не успеавме да го подигнеме ритамот на натпревар и тоа беше пресудно. Голот во последната минута е само голема несреќа за нас.“ – изајви разочараниот Обамејанг.