Фудбалскиот клуб Челзи му забрани на свој навивач присуство на трибините наредните 10 години, затоа што на социјалните мрежи напишал антисемитски пораки.

Клубот во соопштение наведе дека после завршената судска постапка во февруари, спровеле сопствена истрага и одлучиле на едно лице да му забранат доаѓање на навивачите на Челзи наредните 10 години.

„Сите во Челзи се горди што дел од разнолик клуб. Нашите играчи, пресоналот, навивачите и посетителите доаѓаат  од широк спектар на потекла, вклучувајќи ја еврејската заедница и сакаме да обезбедиме сите да се чувствуваат безбедно, вредно и вклучено. Нема да толерираме било какво однесување на навивачите кое штети на таа цел“– велат од Челзи.

Исто така, Манчестер Јунајтед забрани доаѓање на натпревари на шест свои навивачи, затоа што на социјалните мрежи го вреѓаа фудбалерто на Тотенхем, Сон Хеунг Мин, по завршувањето на натпреварот од Премиер лигата на 11 април.