Според пишувањето на реномираниот L’Equipe, најскапите фудбалери во првенството на Франција играат во ПСЖ.

Тоа е и очекувано, знаејќи ја финансиската ситуација во клубот. Сите први 11 фудбалери од листата на најплатените настапуваат во ПСЖ, а надвор од него најплатен е играчот на Монако, Висам Бен Једер, чија месечна плата е 650000 евра.

 

Топ 11 фудбалери кои играат во Лига 1:

1. Нејмар (ПСЖ) – 3,06 млн евра во месец

2. Килиан Мбапе (ПСЖ) – 1,91 млн

3. Тиаго Силва (ПСЖ) – 1,5 млн

4. Единсон Кавани (ПСЖ) – 1,345 млн

5. Маркињос (ПСЖ) – 1,2 млн

6. Марко Верати (ПСЖ) – 1,2 млн

7. Анхел Ди Марија (ПСЖ) – 1,1 млн

8. Кејлор Навас (ПСЖ) – 1 млн

9. Мауро Икарди (ПСЖ) – 800000

10. Леандро Паредес (ПСЖ) – 750000

11. Преснел Кимбембе (ПСЖ) – 670000