Првата ракавица на Атлетико Мадрид, Јан Облак утре ќе биде на голот на Словенија за дуелот со Македонија во евроквалификациите.

„Сите очекуваме добар натпревар а дојдовме во Македонија по освојување на бодови. Ова треба да го заслужиме на терен. Но верувајте, сакаме позитивен резултат. Првиот натпревар од овие квалификации во Љубљана покажаа дека Македонија има добар тим, добар состав а ние тоа го знаеме но дојдовме да освоиме три бода во Скопје. Тука се игра пред добра публика.“ – изјави Јан Облак.

Облак потврди дека добро ги познаваат квалитетите на нашата селекција и поради ова очекуваат добар меч.