Поразот на Јувентус, фантастичната победа на Интер против Милан, како и победничката серија на Лацио, ги подгреаа надежите дека некој друг, а не Јувентус, ќе ја освои Серија „А“.

Но, според обложувалниците, нема сомнеж дека новиот шампион ќе биде Јувентус, за кого коефициентот е се уште 1,65. Шансите на Интер се ценат со коефициент 2,95, а на Лацио со 5,25. Следат Аталанта со 230, Рома со 520 и Милан со 970.

Во 23. коло на Серија „А“ Јувентус загуби од Верона. Интер, пак, го совлада Милан и изби на првото место на табелата, со ист број бодови со Јувентус, но и со подобра гол-разлика. Лацио е третопласиран, со само бод помалку од водечката двојка.

Јувентус ги освои последните 8 првенства едноподруго.