Рома под водство на португалскиот тренер Жозе Мурињо е во голема криза. Во последните седум меча само еднаш победија. Се наоѓаат на шестата позиција на табелата, а норвешкиот Бодо Глимп пред две недели им го зададе еден од најголемите порази во историајта, кога ги победи со 6:1.

Италијанска Ла Газета Дело Спорт објавуваат дека Мурињо има големи проблеми со играчите. Мурињо после поразот од Норвежаните кажа дека сите сега можат да видат зошто постојат играчи кои играат и кои не играат. Газета пишува дека Португалецот „ги фрлил играчите под автобус“, а дека на неколку играчи не им се допаѓал третманот на нивните соиграчи. Посебно тоа се однесува според весникот, на кланот италијански играчи во соблекувалната.

Како што пишува Газета, соблекувалната била дестабилизирана поради однесувањето на тренерот и во неа тешко може да се види насмевка. Управата наводно и понатаму цврсто стои со Мурињо и ќе му ја исполни желбата да се активираат во јануарскиот преоден рок. Сепак, Рома ќе мора да продава како би добиле пари за влезни трансфери, а тоа ќе биде многу тешко на ваков пазар.

За Рома битна ставка е развојот на малдите како би се продале и управата наводно не е задоволна со напредокот на поголемиот број млади играчи под водство на Мурињо. Во италијанските обложувалници веќе се дадени и првите понуди, за тоа кога Мурињо ќе добие отказ. На една од нив дури се нуди и опција дека поранешниот европски првак нема да го дочека ниту Божиќ на клупата на Рома, а за тоа се даваат 13 проценти шанса.