Швајцарија и Турција од 18 часот го играат натпреварот од последното коло од групата А на Европското првенство. Швајцарците влегуваат во мечот како фаворити и бараат победа што ќе им донесе пласман во втората фаза од натпреварувањето.

Во моментов Швајцарија е на еден освоен бод, а победа ќе ги одведе до славните четири бода кои се издвојуваат доволно за да се пласираат во осминафиналето. Турците се едно од најголемите разочарувања на шампионатот, на два натпревари загубија со 3: 0 од Италија и 2: 0 од Велс и изгледаа безопасно и неорганизирано. Сепак, победа би ја оставила Турција во игра за осминафинале.

Паралелно со натпреварот помеѓу Швајцарија и Турција, Италија и Велс ќе го одиграат својот натпревар во групата А.

Швајцарија: Сомер – Елведи, Аканџи, Родригез – Видмер, Џака, Фројлер, Зубер – Шаќири – Емболо, Сеферовиќ

Турција: Чакир – Мулдур, Демирал, Сојунчу, Челик – Ајхан – Андер, Кахвечи, Туфан, Чалханоглу – Јилмаз