Медиумите во Италија се со поделено мислење во однос на тврдењата на првиот човек на Беневенто, Клементе Мастеља. Според него во изјава за „Гориере Дело Спорт“ има клубови во Серија А кои кријат фудбалери и вработени кои се заразени со коронавирус во моментов.

Со посебна колумна се огласи и уредникот на „Кориере Дело Спорт“, Иван Зазарони кој вели дека властите мора да ги истражат овие наводи и ако се потврди дека е точно, рестартот мора да се одложи.

Беневенто е лидер во Серија Б со 20 бода предност но и покрај ова се плаши дека нема да добие промоција во Серија А за следната сезона.

Ова доаѓа откако 16 од калчолигашите во петокот гласаа за замрзнување на позициите без шампион и без испаѓање и промоција во елитата, додека против ова иле Рома, Лацио, Наполи и уште еден клуб.