Вардар ќе ја пречека Шкендија во утрешниот натпревар од 1/8 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија.

Големото дербри е прогласено за меч од висок ризик и поради ова нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи.

„ФК Вардар уште еднаш апелира на сите кои ќе дојдат на стадионот за фер и коректно навивање, без извици на национализам и расизам, и без фрлања на предмети на теренот. Дајте му поддршка на нашиот тим да стигне до добар резултат од ова дерби, и да ја продолжи победничката серија и во Купот. “ – соопштија од најтрофејниот фудбалски клуб од Македонија.

Во продажба се пуштени билети за јужната и за западната трибина, исторчната ќе биде затворена а северната е резервирана само за службени лица.