Пензионираниот фудбалер Сезер Озтурк е уапсен откако пред осум по вооружана пресметка убил едно лице и ранил уште четири. Веста се појави во јавноста дури сега.

Турските медиуми пишуваат дека поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Фенербахче и Бешикташ заедно со своите пријатели два пати пукал кон оние со кои имал проблеми во сообраќајот.

Засега нема поверливи информации околу причината за несреќата, но сите турски медиуми наведуваат дека веднаш по истата Озтурк избегал од местото на настанот, а уапсен бил подоцна.

Човекот кој го загубил животот е извесен Халил Ибрахим С., кој наводно правел скара со пријателите во близина на вооружената пресметка.

Повеќе детали се очекуваат деновиве, кога полицијата би требало да го објави официјалниот извештај.