Холандскиот фудбалер Нејтан Аке откри дека неговиот татко починал неколку минути откако дефанзивецот на Манчестер Сити го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите против Лајпциг.

Аке мрежата на Германците ја затресе во 16-тата минута на асистенција Џек Грилиш и донесе водство за Сити, кој на крајот победи со убедливи 6:3 на Етихад.

Во постот на социјалните мрежи, Аке кажа дека татко му Мојјс починал подоцна таа вечер.

„Знам дека си секогаш со мене, секогаш ќе бидеш во моето срце и ова беше за тебе, тато“- напиша Аке на Инстаграм и додаде:

„Минатите неколку недели ми беа најтешките во живото, татко ми беше многу болен и веќе не беѓе можно лекување. Имам среќа што имав голема поддршка од вреницата, семејството и пријателите.

Вчера го постигнав својот прв гол во Лигата на шампионитем а само неколку минути подоцна мојот татко мирно почина, додека мајка ми и брат ми беа покрај него. Можеби така требало да биде, гледајќи ме како играм што секогаш го правеше горд и среќен.“