22 годишниот фудбалер на Рома Џастин Клајверт го напушти клубот од Олимпико и замина во редовите на Ница.

Новиот тренер на римјаните Жозе Мурињо, одлучи дека не му се потребни услугите на славниот холандски напаѓач Патрик Клајверт, па двата клуба се договорија тој да оди на позајмица во преубавата Ница, со обавезен откуп на крајот од сезоната.

Рома на Ајакс му плати 19 милиони евра во 2018-та година за Клавјерт, кој во првите две години за Рома одигра 66 натпревари и постигна девет гола, а минатата сезона ја мина на позајмица во Лајпциг, каде во 27 натпревари запиша четири гола.

Тоа не беше статистика која го импресионираше Мурињо и компромисното решение е позајмица во Франција.