Италијанските медиуми пренесуваат дека Пауло Дибала сигурно ќе го напушти Јувентус и тоа е само прашање на време.

Јувентус донесе одлука конечно да го продаде Аргентинецот, ова лето, а најсериозен кандидат за негов потпис беше ПСЖ, кој во обратна насока требаше да го пушти Нејмар. Сепак овој трансфер пропадна, откако Бразилецот остана во Париз. Интерес за Дибала покажуваат уште Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Покрја Дибала Јувентус е подготвен да го продаде  и Манџукиќ, за да ги израмни сметките, но и да добие пари за својата прва голема мета, Енрико Киеса од Фиорентина.
 Дибала е надвор од плановите на тренерот Сари и тоа тешко може да се промени.